×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не го потценувај заморот - Вози одморен, акција на МВР и РСБСП на граничниот премин Табановце

    14.07.2021 13:01 | Сузана Николиќ

    Покрај брзото возење и алкохолот, заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди во летниот период. Особено критична е делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија и обратно, каде што секоја година се случуваат по неколку сообраќајни незгоди со тешки последици.

    Не го потценувај заморот - Вози одморен, акција на МВР и РСБСП на граничниот премин Табановце

    Една од причините за ваквата состојба е токму фактот што станува збор за европски коридор по кој поминуваат голем број на возила и возачи, кои после долги часови патување, како последица на заморот губат концентрација и внимание, неретко и заспиваат позади управувачот и како последица на тоа предизвикуваат сообраќајни незгоди со страшни последици.  

    Имајќи ја во предвид ваквата состојба МВР и РСБСП во текот на летниот период, во двата правци на коридорот 10, ќе организираат превентивно едукативни активности под мотото „Вози одморен“.  

    Целта на кампањата „Вози одморен“ е да се потсетат возачите за влијанието на заморот, за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од заморот и да се поттикнат  да прават повеќе паузи, да консумираат повеќе течности, да патуваат одморени и наспиени и да го запрат своето возило веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на замор.

    Согласно наведеното МВР во соработка со РСБСП продолжува со едукативни, сообраќајно превентивни активности, но и со засилени контроли од страна на сообраќајната полиција.

    „Сакам да потсетам само на податокот дека на територијата на целата држава во текот на јули минатата година 17 лица беа жртви на сообраќајни незгоди, додека пак, во минатиот август таа бројка изнесуваше 19. Иако минатата година беше година со рекордно најмал број на жртви - 125, сепак, евидентно е дека во летниот период овие бројки се поголеми споредено со другите периоди од годината. Ќе ја искористам оваа пригода да им посакам среќен пат и пријатен престој на сите патници, без разлика дали поминуваат транзит или токму нашата држава им е дестинацијата каде сакаат да го поминат одморот, но и да апелирам кон сите учесници во сообраќајот секогаш да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за безбедни патишта. Зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е императив и  во наредниот период продолжуваме со активности со цел да го намалиме бројот на жртви на патиштата“, рече министерот Оливер Спасовски, кој го посети граничниот пермин Табановце.