×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Доколку не се повлече одлуката ќе ја оспориме на суд, кажа Мургашанска (видео)

    27.11.2024 18:44 | Оливера Пешевска

    Не сакаме да бидеме соучесници во незаконито постапување и да дадеме легитимитет на грубо кршење на законските и подзаконските акти, на процедурата според која се носат одлуките на Советот на Општина Куманово, кажа на денешната прес конференција Атина Мургашанска, од советничката група на СДСМ, по вчерашното напуштање на седницата.

    Таа апелираше до владејачкото мнозинство, во соработка со надлежниот сектор да го преиспита и корегира своето постапување, а градоначалникот да не ја потпише оваа веќе донесена одлука од страна на мнозинството и ја врати на повторно разгледување и постапување. Доколку тоа не биде направено тие правата на граѓаните ќе ги бараат прво во управна постапка, а потоа и пред надлежниот суд.

    „И покрај нашите повеќекратните укажувања дека се прави грешка, пропуст или намерно наметнување на волјата на мнозинството по секоја цена, и покрај тврдоглавото постапување на претставниците на администрацијата кои од незнаење, повредена суета или по налог на нивниот шеф, градоначалникот на Општина Куманово, одбија да ја повлечат предложената одлука и останат на својот  првобитен предлог по секоја цена. Нашата цел не е надмудрување и докажување со советничките групи од коалицијата која го сочинува мнозинството, пред се советниците  ЗНАМ и ВМРО ДПМНЕ, кои ги победивме на последните локални избори, како листа со најмногу освоени гласови, а со тоа и најмногу советници во Советот на Општина Куманово, туку целта ни е законита работа на сите органи, тела и институции во Општина Куманово и во крајна линија подобар живот за сите во Куманово", кажа Мургашанска.

     

     

    Доколку не се повлече одлуката ќе ја оспориме на суд, кажа Мургашанска (видео)