×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не се точни обвинувањата дека снегот не изненади, улиците се чистат по приоритети, реагираат од Општина Куманово на пресот на ВМРО-ДПМНЕ

    14.02.2021 19:48 | KumanovoNews

    Општина Куманово во рамките на своите надлежности во делот на зимско одржување и службите на јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ и фирма, која што има добиено уредно на тендер, редовно и ревносно ги извршуваат своите задачи. Обвинувањата на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ се неиздржани и лажни, - реагираат од Општина Куманово, по денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која беше кажано дека и оваа година снегот ја изненади локалната власт, поради што целиот град е лизгалиште.

    Не се точни обвинувањата дека снегот не изненади, улиците се чистат по приоритети, реагираат од Општина Куманово на пресот на ВМРО-ДПМНЕ

    „Денеска се одржа и седница на Општински штаб за заштита и спасување, се констатира следното: сите патишта од прва категорија, улици и булевари на територија на општината во централно градско подрачје, урбаните и урбано-руралните средини се целосно проодни и третирани. Во моментов се работи на патиштата од втора категорија, кои што исто така се проодни, но дополнително ќе бидат третирани со сол и средство против замрзнување. Дополнително екипите на „Чистота и зеленило“ работат на расчистување на Градскиот плоштад и тротоарите во централното градско подрачје, а дежурните екипи продолжуваат да ги расчистуваат снежните наноси и во приградските населби и села во општина Куманово“, -  соопштуваат од Општината.

    Во однос на обвинувањата дека фирмата „КООП Инжинеринг” од Куманово затоа што е блиска до СДСМ го доби тендерот за зимско одржување на улиците, во соопштението стои дека во Општината не постојат фирми, блиски или далечни до политичка партија, туку на уредни тендерски постапки, согласно Закон за јавни набавки, работа добиваат правни и физички лица кои имаат најповолна понуда и вооедно имаат, согласно договорот, обврска да ја извршат работата.

    „Не е точен податокот дека општината има платено 10,4 милиони денари за зимско одржување на улиците, бидејќи договорот е склучен врз база на количина, т.е. километри исчистени коловози, согласно планот за зимско одржување на градот, кој е поделен во три зони по приоритети. Конечниот износ за потрошени средства ќе се знае по завршување на зимската сезона и тој податок оди во јавноста и на разгледување пред Советот на Општината. Божиновски и ВМРО ДПМНЕ повторно се служат со евтин политички маркетинг, но Општината нема да навлегува во тоа, туку ќе продолжи интензивно да се справува со состојбата“, - стои во соопштението.