×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Не се утврдени лекарски пропусти во случајот на починатата родилка од Куманово, кажа Таравари

    14.10.2024 18:00 | KumanovoNews

    „Не се констатирани суштински пропусти кај гинеколошкиот тим во текот на перипарталниот третман на родилката во Општа болница Куманово, односно констатирано е дека тимот постапувал согласно постојните упатства и перинаталошки стандарди“, истакна министерот Арбен Таравари на денешната прес конференција.

     

    Не се утврдени лекарски пропусти во случајот на починатата родилка од Куманово, кажа Таравари

    Извршен е стручен надзор во Општа болница Куманово од страна на комисија каде се констатирани  одредени административни и технички недостатоци, но заклучок на комисијата е дека недостатоците не можат да бидат директна или индиректна причина за акутно влошување на општата здравствена состојба на пациентката, исходот за новороденчето и смртниот исход на родилката.

    Комисијата не констатирала пропусти во ниту еден аспект на пренаталниот менаџмент на пациентката, од одговорните доктори во ПЗУ по гинекологија и акушерство, каде била следена бременоста, ниту во амбулантското следење на пациентката во пренаталните прегледи во Општа болница Куманово.

    „Јас за тој случај знам дека добила некакви епилептични напади или конвузливни напади, а од кои причини нема објаснување, барем не дознав од колегите. А, што е причината не дознав, но не е нешто да докторите постапиле лошо и акутно се влошила состојбата на пациентката, барем јас како невролог така дознав“, одговори на новинарско прашање д-р Таравари.

    Жената, која била во девети месец од бременоста, на 26 септември дошла во болницата откако ѝ почнало породувањето, но во вечерните часови следниот ден состојбата нагло и се влошила и таа ненадејно починала. Ова ѝ била втора бременост.

    „Ден по приемот, на 27 септември поставена е индикација за породување и околу 15.00 часот отпочнало аплицирањето терапија за отпочнување на породувањето. Истата терапија повторно е дадена во 19:30 часот кога дошло до нагло влошување на здравствената состојба на родилката (во 19.40) после кое била итно спроведена во операциска сала и извршен царски од страна на дежурниот тим лекари,специјалист по гинекологија и акушерство, специјализант по гинекологија и акушерство и специјалист анестезиолог. Во 20. 30 часот изваден е плодот, а во 20 часот и 45 минути е констатирана смрт на родилката од страна на анестезиолог“, се вели во извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат објавен пред десетина дена.

    Обраќањето до јавноста на министерот Таравари беше по повод стручниот надзор кој бил инициран од Минстерството за здравство за двата случаи кои завршија со смртен исход- за починатата родилка во Општата болница Куманово на 27 септември и за 14-месечното бебе во Клиниката за детски болести во Скопје. Нагласено е дека извештаите се извршени од професионални и компетентни специјалисти, од соодветните области со цел детална анализа на севкупниот тек на лекувањето и третманот на пациентите и во двата случаи.

    Увидот е направен од страна на Државниот санитарен и здравствен иснпекторат.