×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нега центар за помош на стари и изнемоштени лица во Крива Паланка

    06.04.2021 09:56 | KumanovoNews

    Во Крива Паланка започна обука на 20 лица, кои ќе добијат сертификати за негуватели на стари и изнемоштени лица и лица со попреченост, со што ќе биде оформен Центар за нега и давање на услуги во домашни услови.

    Нега центар за помош на стари и изнемоштени лица во Крива Паланка

    Нега центарот ќе функционира во рамки на проектот „Одговорни институции-среќни граѓани“, што го реализираат Општина Крива Паланка и Црвен крст од Крива Паланка, со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика, во висина од 11.034.000 денари.

    „Го правиме првиот сериозен исчекор во давање на сервисни услуги во домот. Посетителите на обуката ќе добијат европски признаени сертификати за негуватели и се надеваме дека ќе бидат остварени мерливи и видливи резултати. Наша цел како општина е старите лица да не се згрижуваат во групни домови, туку да им биде обезбедена нега и помош преку овој вид на испорачани услуги“, рече градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

    Првиот стручен тим ќе помине низ 2, 5 месечна обука, која опфаќа теоретски дел и пракса.

    „Обуката вклучува 250 часа динамичен процес, кој покрај теоретското образование, ќе треба да ги оспособи идните негуватели и низ практична работа и знаење. Доколку дозволат условите,со оглед на пандемијата, практичниот дел ќе се реализира во Здравствениот дом од Куманово, вели Дарко Пешовски, секретар на Општинаската организација на Црвен крст Крива Паланка.

    Сервисни услуги во домот ќе добиваат вкупно 40 стари, изнемоштени и осамени лица и лица со пореченост, кои не се во можност да обезбедат основна социјална и здравствена грижа.

    Предвидена е помош при извршување на основните активности како што се лична хигиена, облекување, хранење, мобилност во домот и слично, но и набавка на продукти, чистење, перење, поправки, земање на лекарска терапија и друго.

    (Ж.Ц.)