×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема да го продадете СДСМ за сметка на ВМРО ДПМНЕ, порача Костовски

    28.10.2021 14:04 | Сузана Николиќ

    „Социјалдемократите не се претставуваат лажно, напротив тука сме, меѓу своите граѓани со кои дури и кога е најтешко, стоиме на браникот на вистината. Ние граѓаните не ги делиме по ниту една основа, ниту ги манипулираме со ширење на лаги и невистини како што некој тоа сака да го претстави во јавноста“, рече на прес- конференција, Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ од Куманово.

    Нема да го продадете СДСМ за сметка на ВМРО ДПМНЕ, порача Костовски

    Костовски вели дека транспарентно и отчетно се примаат сите критики од членството и граѓаните.

    „Социјалдемократскиот сојуз како општинска организација во Куманово датира од 1991 година. Триесет години борба за градот, борба за просперитет, борба за вистински вредности. На овие локални избори ги потсетуваме сите граѓани, сите населби и урбани заедници дека зборуваме за европска иднина, за проекти, за прогрес и обединување. Чекориме храбро за одржување на трите најважни столба економија, социјала и животна средина“, вели Костовски.

    Како дел од основачите, поранешни и сегашни членови на раководството на општинската организација на СДСМ, луѓе кои оставиле трага во Куманово, даваме јасна и недвосмислена поддршка и ве повикуваме сите заедно во недела на 31 октомври да го дадеме гласот за број 12, за Оливер Илиевски и „Најдоброто за нашата општина“.

    „Упатуваме порака до „лажниот социјалдемократ” и тие како него дека во Куманово не поминува лицемерието. Нема да го продадете СДСМ за сметка на ВМРО ДПМНЕ. Нема да дозволиме влечење за уши на денот на изборите, нема да го дозволиме режимот во Куманово. Ќе се бориме за нашиот град, за дома, за нашите семејства, за нашите соседи, за сите граѓани и во недела да покажеме дека социјалдемократијата е света и дека со неа нема калкулирање“, порача Костовски.

    Тоj додаде дека во градот се зборува дека Димитриевски веќе ги поделил директорските места и позиции со ВМРО-ДПМНЕ, како и 30 отсто вработувања на Алијансата на Албанците и Алтерентива, но најави дека тие нема да дозволат нелегални договори со локални поединци за предизборна поделба на работни места и функции. Секој таков договор ќе биде доставен како доказ во Државната комисија за спречување на корупција и другите надлежни органи.