Нема да се одржи Стритс фестивал
Годинешниов Стритс Фестивал, кој требаше да се одржи од денеска до 2 септември се откажува поради финасиски проблеми.

Поради неможноста да ги исполниме очекувања на публиката, како и да ги задоволиме стандардите за настан на отворено што ги поставивме претходните години. Тимот на Стритс фестивал, веќе активно работи на изготвување на стратегии и политики за зголемување на одржливоста на фестивалот во наредните години -велат организаторите.
СТРИТС е мултиетнички и меѓународен рок фестивал кој веќе три години по ред се одржуваше во Куманово со учество музички и анимациски изведувачи од цела Европа. СТРИТС Фестивал е поддржан од Општина Куманово како настан кој е традиционален и е дел од програмата на Кумановско културно лето. Дел од сретствата за фестивалот се обезбедуваат преку проекти.