×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема незаконско работење, се игра „валкано“ за да се дискредитира актуелното раководство, тврдат од Здружението на пензионери

    27.01.2023 17:20 | Оливера Пешевска

    Нема неосновано, ниту незаконско зголемување на надоместокот за претседателот, потпретседателот и секретарот на Здружението на пензионери Куманово, туку „булдожер“ играчи го расчитуваат теренот за лица од сенка дојдат на местото на сегашното раководство, тврди Гордица Бошковска, секретар на здружението, по обвинувањата на неколку членови дека се прават злоупотреби во нивното работење.

    Нема незаконско работење, се игра „валкано“ за да се дискредитира актуелното раководство, тврдат од Здружението на пензионери

    Таа вели дека усогласувањето на надоместоците на функционерите е извршено пред крајот на 2021 година по  криетериуми добиени од Сојузот на пензионерите на Македонија, а откако дознале дека направиле грешка веднаш преземале правни дејствија и се било вратено во првобитна состојба.

    „Се поставува прашањето зошто е чекано цела година и да почне предизборната кампања да се изнесат ваквите обвинувања. Причината е затоа што не се прифати предлогот на некои членови да се одреди надоместок за претседателот на Собранието во висина од 6.000 денари и тоа ретроактивно за период од 4 години. Одлуката е спротивна на Статутот и на законот, на што им беше јасно укажано. Тоа е надвор од здравиот разум. Одговорно и совесно не дозволивме ова одлука да се примени. Не следува надоместок за извршување на волонтерска работа, како што е функцијата по нашиот Статут“, објаснува Бошковска.

    Таа вели дека претседателот Благе Јакимовски за целиот мандат од 4 години за вршење на функцијата добивал хонорар од 12.000 денари, а дека во 2020 година во време на корона кризата сите тројца се откажале од својот надомест и го донирале во хуманитарни цели.

    Бошковска покажа документ од почетокот на годината со кој се докажува дека се потрошени само 2.170 денари за потребите на канцелариско работење, со што паѓаат во вода тврдењата дека се трошат пари од службената сметка за изборна кампања на актуелното раководство. 

     „Штетата е направена, но најголеми се последиците за здружението. Трпат последици и поединци кои се користат во ова „валкана“ игра, од, јас ги нарекувам „булдожер“ играчи, за расчитување на терен за лица од сенка, кои чекаат да се смират работите и на готово да стапат на сцена“, потенцира Бошковска.

    Бошковска апелира изборниот процес да се одвива чесно и демократски, да не се вознемируваат пензионерите и да се избере раководство и претседател кој ќе работи во интерес на пензинерите.