Нема одлука за скратување на часовите
Советот на Општината Куманово и Секторот за образование сеуште немаат донесено одлука дали ќе се скратат часовите за учениците во основните и средни училишта во градот.

Ако продолжат ниските температури ќе одиме со скратување на часовите за да уштедиме на енергијата и подобро функционирање на образованието. Меѓутоа поучени од искуството, кај нас нема долги зими, и за 6-7 дена студовите ќе престанат и ќе се продолжи со нормална настава. Одлуката дали ќе има скратување на наставата ќе ја донесеме со секторот за образование , но ќе се држиме до генералните препораки на Министерството за образование-изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.