Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Не постои ризик од излевање на браните Липково и Глажња, потврдува директорот на Водостопанство Кумановско - липковско поле, Филип Филиповски.
“Во овој момент Липково и Глажња не претставуваат опасност за поплави од испуштање на водите од акумулациите. Водостопанство презема секојдневно активности во согласност со своите ингеренции и обврски, континуирано врши превентивно регулирање на нивото на водостојот во акумулациите. Апелирам до општината, да ги исчисти реките кои се во нивна надлежност, за да не се повтори проблемот кој постои 15 години наназад, а тоа е излевање на реките во градските средини.“- кажа Филиповски.
Директорот Филиповски, како најголем сојузник на поплавите го смета стеснетото речно корито од дивоградби и натрупаниот отпад во самите реки, кои го фрлаат граѓаните а никој не ги чисти.