Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од партијата Левица - локален огранок Куманово не ја поддржуваат одлуката на Советот на Општина Куманово за нови 30 вработувања во ЈП Водовод преку агенцијата за привремени вработување.
Тие велат дека јавното претпријатие не ги информирало граѓаните на Куманово каков профил на вработени се потребни, кои задачи ќе ги извршуваат и каква квалификации треба да поседуваат.
„Со ова претпријатието раководено од партиските кадри на градоначалникот Максим Димитриевски не нуди оправданост за носење на ваква одлука на советот. ЈП Водовод Куманово бележи континуитет на работење со загуба. Претходната 2022 година ја заврши со рекордни загуба во износ над 38 милиони денари. Оваа лоша пракса во работење ЈП Водовод ја продолжува и во тековната 2023 година“, стои во партиското соопштение.
Сметаат дека привремените вработувања наметнуваат трошоци за тендерски постапки како и високи провизии за приватните агенции што посредуваат при вработување и се дополнителен финансиски товар за граѓаните
„Левица - ЛО Куманово како политичка партија и глас на народот го осудува ваквото непотребно партиско вработувања на кадри кое ќе удри директно по џебот на граѓаните. Потребата од конкретен профил на вработени треба да е единствен услов за нови вработувања и истата јасно да биде образложена пред советот на Општина Куманово и граѓаните, а при избор на вработените единствен услов треба да биде квалитетот на кандидатот“.