Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се поретко има случаи на дискриминација по етничка основа за време на школувањето и при вработувањето на младите Роми. Но, генералната општествена слика за иселување и барање на подобра економска и правна сигурност во земјите на ЕУ се пресликува и на ова група наши сограѓани, истакнуваАхмет Јашаревски, по повод Меѓународниот ден на Ромите „8-ми Април“.
Тој потенцира дека и кај ромското население се забележува трендот младите и продуктивни кадри иднината да ја гледаат надвор од Македонија, иако работодавачите постојано алармираат дека во скоро сите сектори недостасува обучена и квалификувана работна сила.
„Младите не сакаат и не прифаќаат да работат за минималец, па чарето го бараат некаде во земјите на Европската Унија. За жал, најголем одлив има на вискообразовани лица. Само за неколку години од Куманово се иселија 2-ца дипломирани лекари, а минатата година магистер по социјални науки. И младите Роми ги следат постапките на другите етнички заедници во државата“, ввели Јашаревски.
Ако порано во прво одделение од основното образование се запишувале во просек од 90 до 120 деца, сега бројката е намалена на 60-65. Уште попоразителен е податокот дека само 8 до 12 деца го завршуваат основното училиште
„Бројката се опсипува поради иселувањето. Но, има случаи кога тоа се прави неплански, стихијно, набрзина, па откако нема да се снајдат во новата средина се враќаат во земјава, а децата остануваат надвор од системот и никогаш веќе не се враќаат во училишните клупи. Подоцна последиците се големи, затоа што нивната перспектива за стабилна и добро платена работа драстично се намалува“, појаснува Јашаревски.
Според податоците на Државниот завод за статистика на пописот во 2002 година во Куманово имало 4256 Роми, додека на последниот попис бројката спаднала на 2983 лица. Не е исклучено дел од нив да не сакале да се попишат, но сепак бројката е драстично намалена.
Во Општина Куманово во тек е и изработка на нова Национална стратегијата за Ромите, која ќе има важност од 2023 до 2030 година. На локално ниво стратешките цели опфаќаат пет области на делување и тоа: образование, здравство, домување, вработување и култура. Особено внимание ќе се посвети на положбата на жените Ромки и на дискриминацијата.