18. 02. 2020 15:00

Нема вадење на нови пасоши додека не пристигнат нови обрасци

Нема вадење на нови пасоши додека не пристигнат нови обрасци

МВР повеќе нема да прима апликаци за патни исправи се` додека не пристигнат нови обрасци во текот на наредниот месец.

На денашената прес-конференција, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев истакнато дека Министерството засега располага со уште околу 3.700 обрасци, од кои дел од нив односно 650 ќе бидат искористени за оние коишто веќе имаат аплицирано, а останатите ќе бидат оставени за приоритетни медицински цели.

Министерот рече и дека досега има пристигнато околу 16.000 апликации за добивање на патни исправи по редовна постапка, но дека за истите нема нови обрасци, па оние кои аплицирале ќе мораат да почекаат.

Обрасците кои ги испорачува компанијата „Веридос“,требало да стигнат на 24 март, но според министерот Чулев овој рок ќе може да се скрати.

Тој додава и дека оваа ситуација се должи на лошо планирање и доцнење со нарачката.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk