Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
И покрај ниските температури, водата на фонтаните во центарот на градот не е исклучена.
Од јавното претпријатије “Водовод“ велат дека водата ја сопираат кога има температури под нулата и кога водата во и околу фонтаните може да замрзне.
“ Водата на фонтаните ја исклучуваме на барање на граѓаните, бидејќи ако мрзне може некој да се лизне и да се повреди. Го правиме тоа од безбедносни причини. Засега сите четири фонтани во централното градско подрачје функционираат со исклучок на „Батко Ѓорѓија“ и таа со четирите бандери. Тие вообичаено не работат во зима“ - велат од “Водовод“.
Вода има на фонтаните спроти плоштадот, кај Соколана, пред Центарот за култура и кај основното училиште “Браќа Миладиновци“.