×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Неправедно е да ги израмниме пензионерите со 15 години стаж и оние со 40 години стаж, вели Тренчевска за барањата за зголемување на минималната пензија

    16.08.2023 20:15 | KumanovoNews

    Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска најави дека минималната пензија од септември ќе биде 13.300 денари, и повтори дека минималната пензија не може да биде 18.000 денари, како што бараат пензионерите кои протестираат.

    Неправедно е да ги израмниме пензионерите со 15 години стаж и оние со 40 години стаж, вели Тренчевска за барањата за зголемување на минималната пензија

    „Очекуваме овие денови да ги добиеме податоците од Државниот завод за статистика за порастот на трошоците за живот и врз основа на овие податоци ќе имаме видиме колку ќе биде покачувањето. Можно е 6 проценти, можно е повеќе, но пониска пензија од 13.300 нема да има“, рече Тренчевска.

    Тренчевска рече дека до крајот на годината ќе се најде соодветно решение за дефинирање на минималната пензија во државата.

    „Секогаш кога се креираат политики мора да се мисли на стабилноста на Фондот за пензиско. 18.000 денари е нереална сума затоа што минималната плата е 20.000 денари. Тоа значи дополнително оптеретување на Фондот и доведување во ситуација после три, четири месеци да се прашаме дали 330.000 пензионери ќе добијат пензија. Како држава, како министерка, како Влада мора да водиме сметка за стабилност на ПИОМ, мора да водиме сметка за навремено исплаќање на пензиите“, рече Тренчевска.

    Тренчевска кажа дека е неправедно е да се изедначат луѓето кои имаат 15 години стаж и луѓето кои имаат 40 години стаж, затоа што тие се поголем стаж имаат поголем влог во системот на придонесите и нормално е да имаат поголема пензија. 

    Министерката рече и дека најголем дел пензионерите кои во моментов земаат минимална пензија се оние со 15 години стаж и додаде дека најголем дел од нив додека работеле ја немале достигнато висината на минимална пензија.

    (извор.сдк.мк)