×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Непрописно паркираните возачи добија опомени, се правдаат дека застанале на кратко

    25.12.2020 14:49 | KumanovoNews

     Голем број на автомобили се паркирани на недозволено место во градот, а сопствениците се праваат дека застанале на кратко или дека поради метежот во сообраќајот не можат да најдат простор за паркирање.

    Непрописно паркираните возачи добија опомени, се правдаат дека застанале на кратко

    Ова го покажа денешната кампања „Паркирај совесно“, којашто ја организира Републичкиот совет за безбеднсот во сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со СВР Куманово и Општина Куманово, со цел да ги предупредат несовесните возачи дека треба да ги почитуваат сообраќајните правила и пропоси.

    Во рамките на кампањата, ученици од училишните сообраќајни единици оставаа едукативен прекршочен платен налог на возилата на неправилно паркираните возила

    Виолета Богдановска, раководител на Секторот за превенција при СВР Куманово, потенцираше дека со оваа кампања сакаат да ги сменат навиките кај возачите кои честопати се паркираат неправилно.

    „Кампањата „Паркирај совесно“ е од превентивен карактер пред се` во пресрет на новогодишните и божиќните празници кога имаме зголемен број на учесници во сообраќајот и пешаци. Наши сограѓани доаѓаат коишто се на привремена работа во странство и имаме поголем метеж во сообраќајот, непочитување на сообраќајни правила и прописи, меѓутоа како најголем проблем е непрописно паркирање и застанување, односно нашите навики дека до дуќан треба да застанеме за да влеземе да пазариме, па возилото го оставаме кај ни е најблиску“, Богдановска.

    Раководител на Секторот за сообраќај во Општина Куманово, Бојан Петковски, смета дека оваа кампања е особено значајна во периодот кога се ближат новогодишните и божиќните празници, кога во сообраќајот се создава и дополнителен метеж.

    „Заедно со училишните сообраќајни единици делиме едукативни прекршочни налози на секое возило коешто ќе биде непрописно паркирано. Ако имаме во предвид дека се ближат новогодишните празници знаеме дека честопати се наоѓаме во ситуација каде што улиците се блокирани од непрописно паркираните возила, сакаме да апелираме дека колку поодговорно и совесно се паркираат возилата на обележаните паркинг места, толку помала ќе биде гужвата во сообраќајот“, додаде тој.

    Кампањата „Паркирај совесно“, ќе продолжи и во наредниот период да се спроведува на територијата на Општина Куманово.

    (Ф.Марковска)