×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Невладините да дадат идеи за решавање на локални проблеми

    10.06.2015 11:31 | KumanovoNews

    Невладините организации да дадат идеи за реализирање на проекти и решавање на локални проблеми, ги повикаа од Цивика Мобилитас на денешниот регионален форум во Куманово.

    Невладините да дадат идеи за решавање на локални проблеми

    За идеите кои ќе бидат разработени и реализирани како акции или проекти, невладините организации можат да добијат мали грантови до 400.000 денари за период од 12 месеци. Како партнери во проектот невладините можат да ги вклучат училиштата, институциите, граѓаните и други субјекти.

    Крајната цел е соработката меѓу оние засегнати страни во решавањето на проблемот. Дел од учесниците веќе споделија дел од прашањата за овој регион, како заштита на животна средина, поддршка на населението каде пред еден месец имаше случувања, здравство, инклузивно образование. Се тоа се теми и прашања кои учесниците ги посочија дека треба да се решат. Она што треба да произлезе од форумот е како заеднички ќе можат тие да ги решат и надминат - вели Даниела Стојанова, национален проектен координатор во Цивика Мобилитас.

    Идеите за решавање на локалните проблеми ќе треба да се разработат во наредните два месеци.