×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Невладините организации помагаат на граѓаните без документи

    11.02.2015 10:41 | KumanovoNews

    Дваесетина граѓани, претежно од социјално ранливи семејства, од почетокот на годината побарале помош од Центарот за ромска заедница ДРОМ за добивање на лични документи.

    Невладините организации помагаат на граѓаните без документи

    Барањата се доставени до надлежните институции, но и до здружението „Млади прваници„ од Скопје, кои нудат помош при вадење на лични документи.

    „Станува збор за ранливи категории граѓани кои од различни причини не поседуваат документи. Нивниот проблем заеднички го решаваме со повеќе невладини организации на ниво на држвата, со Ромскиот Информативен Центар и со „Млади Правници“. Постојат две категории граѓани кои немаат соодветна или целосна документација„ - изјави Ахмет Јашаровски од ДРОМ.

    Објаснува дека првата категорија се граѓани кои поради различни состојби во поранешна Југославија не успеале да извадат државјанство и сега не поседуваат никаква документација, а другите се граѓани кои  од различни причини не поседуваат никаква или пак целосна документација.