Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претставници на локалните невладини организации денеска имаа можност да се се запознаат со условите и начинот на аплицирање и добивање грантови од УСАИД преку Фондација отворено општество Македонија.
При тоа беше нагласено дека апликациите со партнерски организации имаат поголеми шанси да добијат сретства за поекти. За разлика од лани, оваа година бројот на доделени грантови ќе биде двојно поголем доколку има квалитетни апликации. Првите грантови се до 25.000 долари, а вторите грантови изнесуваат 2.400 долари.
Сега се актуелни два конкурси за грантови. Едниот е за заеднички акции на граѓански организации и другиот е за мали грантови за работни стипендии во граѓански организации. Целта е со заедничко делување да придонесат невладините за решавање на прашања од заеднички интерес, зајакнување на солидарноста, соработката, комуникацијата. Можат да конкурираат во партнерства, во мрежи сеедно дали е тоа формално или не - изјави Сунчица Костовска Петровска, координатор на проектот.
Таа објаснува дека младите активисти, истражувачи до 35 години можат да се вклучат во истражувачките проекти на организациите.
Три организации од Куманово досега добиле грантови за реализација на проекти и тоа Центар за меѓукултурен дијалог, Флоренс Најтингел и Рурална коалиција, невладина со седиште во Скопје чиј извршен директор е од Куманово.
Трајан Димковски од Рурална коалиција објаснува дека спровеле проект за анализа на поплавена почва во струмичко и светиниколско, а вториот проект сеуште тече и се однесува на мониторнинг на доделување на субвенции.
Проектот носи наслов “Каде почнуваат, а каде завршуваат парите за субвенции“ се со цел да видиме колку тие се исплаќаат на ниво на цела Македонија. Податоци ќе бидат користени од Национална платежна агенција кои се официјални и се објавуваат на нивната интернет страна. Правиме муабет за 2012 година бидејќи според закон до јуни треба да се исплатени сите. Сега се подготвуваме пак да аплицираме до 1 ноември - изјави Димковски.
Првиот проект Рурална коалиција го работела со 3 организации партнери, вториот со 5, за следниот планираат да вклучат 7 организации.