×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Невреме со поројни врнежи се очекува во Куманово и Скопје, УХМР повикува на претпазливост

    23.07.2023 15:56 | Сузана Николиќ

    Поради можноста од појава на краткотрајни интензивни (поројни) врнежи во текот на попладневните и вечерните часови, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците во северните делови на земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). 

    Невреме со поројни врнежи се очекува во Куманово и Скопје, УХМР повикува на претпазливост

    „Исто така, поради можност од појава на локални проблеми во дел од градските средини, како резултат на очекуваните поројни врнежи, кои на места се очекува да бидат проследени со невреме, предупредуваме на внимателно движење во дел од градските населени места во северните делови на земјата во Куманово и Скопје, за време на попладневните часови од денешниот ден“, стои во соопштението.

    Предходните денови со силно невреме беа зафатени Хрватска и Србија, при што покрај големата матерјална штета која беше предизвикана имаше и повредени и починати.