Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчерашното невреме проследено со обилен дожд и град, најмногу ги погоди селата од општина Старо Нагоричане.
Земјоделците велат дека стопроцентно се уништени лозјата, пиперките, доматите, зелката и други култури од градот кој бил со големина на орев.
Штети невидени, сè што имавме , сè е уништено, немаме веќе ништо, зелка , пипер, лозје. Ќе бараме помош па ќе видиме дали ќе дадат, не се осигурани, 5.000 корени зелка нема ништо од нив. Лани житариците ни ги уништи град, годинава земјоделските култури. Според наша проценка штетата е 100 проценти. Семејството го прехранувам од земјоделство, немам плата - изјави Дионис Митревски, од село Стрезовце.
На Драги Спасовски од селото Младо Нагоричане му изгореа околу 1200 бали сено, слама и друга храна за добиток.
Изгоре и слама и сено и се останато, 500 бали слама и шест приколки сено небалирано, тоа е се пепел, за среќа овците беа надвор - кажа Спасовски.
За настанатите штети од невремето советниците од општина Старо Нагоричане ќе расправаат на седница на Совет. Вчера во Куманово наврнаа 38 литри дожд на метар квадратен со што градот се бројува меѓу трите грaдови во државатa со најобилни врнежи од дожд.