×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Ние сме Европа“ - трибина на Владата во понеделник во Куманово

    07.12.2023 14:19 | Оливера Пешевска

    Трибина под мотото „Ние сме Европа“, во организација на Владата, односно Секретаријатот за европски прашања е закажана за понеделник со почеток во 18 часот во Центарот за култура во Куманово.

    „Ние сме Европа“ - трибина на Владата во понеделник во Куманово

    На трибината ќе говорат: претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Бесими, министер за финансии, а видео обраќање ќе имаат амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир, како и амбасадорката на Германија во Македонија, Петра Дрекслер.

    „Владата предводена од СДСМ и Секретаријатот за европски прашања ги афирмираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои не засегаат сите нас и тоа во духот на демократијата, мултикултурата, владеење на правото и економскиот напредок. Владата ги поканува сите граѓани на Куманово да бидат дел од овој настан, каде што ќе можат директно од премиерот и останатите учесници на трибината да ги слушнат придобивките од членството на Македонија во ЕУ во областа на енергетиката, како и да отворат точки на дискусија кои се однесуваат на процесот и придобивките од полноправното членство на Македонија во европското семејство“, кажа денеска на прес-конференција Александар Митрички, портпарол на општинската организација на СДСМ.

    Кампањата “Ние сме Европа“ се реализира во Прилеп, Битола, Куманово, Охрид, Скопје, Струмица, Тетово и Штип, каде што се организираат средби со граѓани на кои се отвораат прашања на неколку теми и тоа: земјоделство, туризам, култура, економија, млади, социјала, инфраструктура.