Николиќ и Алексовска на листата на пратеници на СДСМ
23.03.2014 11:19
| KumanovoNews
Љубиша Николиќ, директор на гимназијата Гоце Делчев и Марина Алексовска, директорка на градинката „Ангел Шајче„, се наоѓаат на листата на пратеници во втората изборна единица.

Според непотврдени информации, Николиќ го завземa високот второ место, Алексовска е седма по ред, а на 15 место е Владислав Трајковски. Носител на листата е во двојка е Петре Шилегов.
Листите со кандидати за пратеници на СДСМ ќе биде утврдена на денешниот конгрес во Скопје.
Фаворитите на општинската организација: Оливер Спасовски, Максим Димитриевски, Мартин Костовски и Атина Мургашанска ги нема на пратеничката листа.