Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пратеничката Ленче Николовска денеска оддржа прес - конференција пред, пропаднатата фабрика„ Жито- мел„ од каде ја повика Владата да изврши интервентен откуп на 10.000 тони пченица од помалите земјоделски производители за да ги спаси од пропаѓање.
Таа објаснува дека по цена од 15 денари за килограм, излегува сума од над 2 милиони евра, пари кои државата повторно ќе ги врати во јануари кога ќе ја даде пченицата на продажба.
Земјоделците нема на кого да го продадат родот. И покрај изјавите на министерот за земјоделство дека е постигнат договор со мелничарите за 14 - 15 денари откупна цена, пченицата никој не ја купува или на земјоделците им се нуди цена од 8 - 9 денари за килограм - изјави Николовска.
Проблемот со пласманот е проблем на државата, особено за производство на стратешки култури како пченицата, додава Николовска. Таа посочи дека во последниве 7 години има за 20.000 хектари намалување на површините со пченица и 60.000 тони помало производство.
Пратеничката е категорична дека долгорочно решение за производство на лебно жито треба да се најде.
Препорачува да се намали производната цена на пченицата преку поевтина нафта и репроматеријали и дисплаќање на субвенциите пред сеидбата.