×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нов дијагностички центар на Систина Офталмологија во Куманово

    03.08.2023 08:30 | KumanovoNews

    Првата приватна очна болница Систина Офталмологија, продолжува да расте и го отвори својот петти по ред дијагностички центар, овојпат во Куманово. 

    Нов дијагностички центар на Систина Офталмологија во Куманово

    Досегашната пракса покажа дека инвестициите на оваа болница во отворањето на дијагностичките центри низ земјата го подобрија квалитетот на медицинската нега, го зголемија задоволството како и бројот на пациенти на оваа болница.

    Кумановчани, како и сите пациенти од околниот регион кои имаат потреба од офталмолошки услуги, сега ке можат превентивно и навремено да ги решат проблемите со видот и очите за себе, своите деца и своите родители, да ги смалат трошоците како и ризикот од компликации.

    „Новоотворениот дијагностички центар лоциран на ул. "Трета МУБ“ е опремен со најсовремена опрема и технологија која на нашиот тим офталмолози ќе им овозможи да воспостават точни и навремени дијагнози, како и прецизни планови за лекување и следење на оперативниот третман во координација протоколите и стандардите на центарот во Скопје. Покрај комплетната дијагностика на состојби на катаракта, глауком, крварење од окото, страбизам и слично, во центарот се одвиваат и мали хируршки интервенции кои третираат состојби на видот, повреди, апликација на Анти ВЕГФ терапија, отстранување на јачмен, ксантелазми, корекција на капаци и слично“, информираат од Болницата.

    Систина Офталмологија е единствена очна болница во земјата која нуди интегрирана и контиунирана грижа на пациентите на целата територија на земјата преку следење и координација на состојбите на своите пациенти меѓу оперативниот центар во Скопје и своите дијагностички центри. Болницата континуирано вложува во развој и надградба на своите технички и човечки капацитети во сверата на медицинската пракса но и во областа на комуникацијата и тимската работа.

    Систина Офталмологија ќе продолжи да ја гради својата иднина на база на позитивните искуства на пациентите и нивните потреби. Новиот дијагностички центар во Куманово е уште една потврда за остварувањето на оваа мисија.

    Систина Офтaламологија Куманово
    031 374 100
    072 809 800 - ЛИНК

    (Комерцијален текст)