×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нов кластер во Куманово - 15 новозаразени и 10 оздравени од коронавирус

    30.07.2020 12:55 | KumanovoNews

     Петнаесет нови случаи позитивни на ковид-19 од Општина Куманово, денеска, се регистрирани во Центарот за јавно здравје Куманово.

    Нов кластер во Куманово - 15 новозаразени и 10 оздравени од коронавирус

    Како што соопштува директорот на Центарот за јавно здравје, Ариф Љатифи, повеќето заразени се од веќе познати кластери, но има и нов кластер.

    „Имаме 15 новозаразени, сите се од Општина Куманово и се од веќе познати кластери, а има и нов кластер. Дел од заразените велат дека не знаат од кај се заразиле“, вели тој.

    Во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 35, Куманово 15, Штип 17, Прилеп 3, Тетово 4, Струга 3, Велес 3, Битола 8, Охрид 3, Кавадарци 2, Гостивар 8, Крива Паланка 1, Кочани 1, Демир Хисар 5, Берово 1, Свети Николе 1, Кичево 8 и Ресен 1

    Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје и пациент од Гостивар.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти од: Скопје 22, Куманово 10, Штип 12, Тетово 26, Струга 1, Велес 1, Битола 4, Пробиштип 2, Демир Хисар 1, Кратово 1, Св.Николе 2, Кичево 3  и Ресен 4.

    Досега во земјата се направени вкупно 100940 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10617, бројката на оздравени пациенти е 6020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117.