Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Паралелно раководство на здружението на стечајни работници „УНИТ„ од Куманово, поднело предлог закон за стечајни работници во Собранието, кој веќе е даден на разгледување на собраниските комисии.
Новиот предлог закон ги опфаќа сите 6000 стечајни работници, кои имаа 15 години стаж и над 55 години старост, и оние со 25 години стаж без разлика на староста. Со овој закон стечајците ќе примаат по 6.150 денари надомест. Со тоа ќе се реши проблемот на стечајните работници во државата, и нема повеќе да има дискриманаторски однос кон некои стечајни работници. Ние законот го поднесуваме преку синдикатот, а не преку политички партии и затоа сметаме дека ќе биде подржан во Парламентот. Добивме писмо од претседателот на Собранието дека предлогот е предаден на комија- вели Драги Јакимовски - претсадател на Собрание на УНИТ.
Предлог законот го доставиле здруженијата на стечајни работници од Куманово, Велес, Битола и Охрид.
Наспроти ова, Лилјана Георгиевска исто така претседателка на УНИТ, вели дека десетмината кумановчани кои што истапуваат во име на нивното здружение се продолжена рака на власта, а голем дел од нив се вработени и не може да ги застапуваат интересите на стечајците.
Додека владата не повика валидни претставници на здруженија на ниво на Република Македонија и додека не излезе со свој став, по било кој основ за било какво решение за стечајните работници, сето ова ќе го сметаме како една манипулација од страна на власта за да се растурат здруженијата на стечајците во државата - вели Георгиевска.