×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нов режим на сообраќај на дел од улиците во централно градско подрачје

    16.08.2021 10:52 | Сузана Николиќ

    Воспоставен е нов режин на сообраќај на неколку улици во центраното градско подрачје. 

    Нов режим на сообраќај на дел од улиците во централно градско подрачје

    Со одлука на Советот од двонасочен во еднонасочен се менува режимот на сообраќај на дел од улицата „Димитар Влахов”, од крстосница помеѓу улица „Димитар Влахов” и улица „Партизанска” во правец кон крстосница помеѓу улица „Димитар Влахов” и улица „Ленинова”.

    Од еднонасочен во двонасочен режим на сообраќај се менува на дел од улица „Ленинова”, од крстосница помеѓу улица „Ленинова” и улица „Иво Лола Рибар” до крстосница помеѓу улица „Ленинова” и улица „Димитар Влахов”.

    “Се воспоставува еднонасочен режим на сообраќај на крак од улица „Октомвриска Револуција”, од крстосница помеѓу улица „Октомвриска Револуција” и крак на улица „Октомвриска Револуција” (непосредно до станбен објект со адреса улица „Октомвриска Револуција” бр. 32) во правец кон влезна сообраќајна лента од крак на улица „Октомвриска Револуција” кон улица „Октомвриска Револуција” (непосредно до станбен објект со адреса улица „Октомвриска Револуција” бр. 20), се менува режимот на сообраќај од двонасочен во еднонасочен режим на сообраќај“, објаснуваат од Општина Куманово.