Нов снежен бран го зафати Куманово
10.02.2012 11:09
| KumanovoNews
Врнежите од снег ќе се интензивираат во попладневните и вечерните часови и ќе бидат пообилни во западните делови од земјава.
Нов снежен бран денеска ќе ја зафати нашата земја. Врнежите од снег, ќе се интензивираат во попладневните и вечерните часови и ќе бидат пообилни во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР Македонија.
Облачно време со повремени врнежи од снег ќе преовладува и во наредните три дена.