Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово набави 250 клупи и 340 столчиња откако заврши реконструкцијата на училишниот објект.
„По завршување на новата подна подлога, набавивме и две нови машини за чистење на истите, клупи и столчиња за сите ученици и нова канцелариска опрема наменета за вработените во Гимназијата. Инсталирани се и 8 инвертер клима уреди. Монтажата и поставувањето на фотоволтаична централа на кровот на училиштето е завршено, сега се очекува дозвола и приклучок од ЕВН кон електродистирбутивната мрежа, со што ќе започнеме да ја користиме опремата и да штедиме струја“, изјави директорката Марија Тодоровска.
Последните денови повторно се интензивираа сајбер-нападите врз училиштата и државните институции по што Министерството за образование и наука донесе одлука училиштата кои ќе ги евакуираат учениците во најкус можен рок да воспостават онлајн настава за да нема пропуштање на наставниот материјал.
„Насоките ги добивме и веќе со колегите разработивме план и начин на постапка. Но, сите искрено се надеваме дека никогаш нема да го примениме - и за да се избегне стресот кај децата и професорите, и да не го загрозуваме самиот воспитно-образовен процес“, истакнува Тодоровска.
Во меѓувреме наставата се одвива редовно и непречено, со користење на новата опрема на задоволство на сите.