×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нова опрема за гинеколошко-акушерското одделение, донација од компанијата „Кромберт и Шуберт“

    20.01.2023 13:12 | Оливера Пешевска

    Нов гинеколошко стол, рефлектор - ЛЕД лампа и два ЦТГ апарати, доби гинеколошко - акушерското одделение во Општа болница Куманово од компанијата „Кромберт и Шуберт“. 

    Нова опрема за гинеколошко-акушерското одделение, донација од компанијата „Кромберт и Шуберт“

    „Особено значајно е што на овие апарати може да се следи и близначко породување.  Со нив се следи плодот за време на бременоста, пред и за време на породување“, изјави д-р Лидија Јовчевска, началник на гинеколошко-акушерското одделение на Општа болница Куманово.

     Гинеколошко-акушерското оддление е релативно добро опремено и екипиорано. Но, осовременувањето на апартурата е најважна за секоја здравствена установа, бидејќи постоечката брзо се амортизира поради големиот број пациенти. Новите, пак, ќе понудат на мајките и новороденчињата правилно да се следат и да се опслужат како што треба.

    „Секогаш е добредојдено обновување и подновување на апаратите и опремата. Со осовременување на одделението се надеваме дека ќе привлечеме барем дел од родилките да се вратат во јавното здравство, затоа што ќе сме конкурентни на приватните клиники. Најмногу се надеваме дека нема да има намалување на бројот на породувања, што е тенденција во последните неколку години“, истакнува д-р Јовчевска.
     

    Минатата година на акушерското одделение на Кумановската болница имало над 846 породувања, од кои 20 биле со близначиња. Од почетокот на годината во Куманово има 45 породувања.

    Од „Кромберт и Шубарт“ истакнваа дека во делот на медицинска опрема ова е прва донација надвор од Битола, што е матичен град на компанијата. Како општествено-одговорна компанија во изминатите десет години донирале и во областа на културата, образованието во повеќе градови во Македонија.