Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СВР Куманово наскоро ќе добие нова управна зграда за издавање на лични документи, доколку МВР го прифати предлогот на новиот началник за дислокација на службата во нов простор.
Денеска потпишав барање за разгледување на еден објект кој не е во центарот на градот, но по мое видување ќе биде прилагорен и може да послужи за дислокација на управните служби. Ако се одлучи позитивно, мислам дека тој објект ќе ги реши проблемите затоа што во сегашниот простор нема услови, многу е тесно и во очајна состојба. Барањето е доставено до МВР, а како ќе се одлучи ќе видиме- вели началникот Моме Јакимовски.
Во опција се уште неколку објекти, а началникот очекува дека проблемот ќе се реши до лето.