11. 08. 2020 01:14

Нови 16 позитивни и 28 оздравени од коронавирус во Куманово

Нови 16 позитивни и 28 оздравени од коронавирус во Куманово

Во последните 24 часа направени се 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19. По градови во:Скопје 20, Куманово 16, Штип 13, Кавадарци 15, Гостивар 10, Свети Николе 5, Кичево 7..., соопштуваат од Министерството за здравство.

Почината е една пациентка од Скопје во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти од:Скопје 173, Куманово 28, Штип 93, Тетово 23, Струга 36, Охрид 15, Гостивар 28...

Досега во земјата се направени вкупно 115590 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11942,  бројката на оздравени пациенти е 8087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3327.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk