Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за јавно здравје во Куманово регистрирани се шест нови случаи на коронавирус.
На ниво на државата во последните 24 часа регистрирани се 47 нови случаи, од 3.593 тестирања.
По градови во: Скопје – 19, Тетово – 11, Куманово – 6, Битола – 3, Прилеп, Струмица и Валандово – по 2, Велес и Гостивар по - 1.
Не се регистрирани починати пациенти.
Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од: Скопје – 7 и Тетово – 5, Прилеп и Струмица – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 963.049 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.171 бројката на оздравени пациенти е 150.321, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 359.