×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нови шестмина новозаболени од коронавирус во Куманово

    30.06.2020 14:41 | KumanovoNews

     Во Центарот за јавно здравје во Куманово, регистрирани се шест нови случаи на заразени од коронавирус.

    Нови шестмина новозаболени од коронавирус во Куманово

    Во последните 24 часа се направени 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје 66, Куманово 6, Штип 15, Прилеп 3, Тетово 19, Струга 2, Велес 2, Битола 1, Кавадарци 4, Гостивар 2, Пробиштип 2, Свети Николе 1 и Ресен 3.

    Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти.

    Во земјата, досега се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почеток на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557 лица.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти.

    На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.