Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здравствениот дом Куманово ќе го обнови возниот парк со две нови возила.
Тендерот за новите возила ќе биде распишан во првите 6 месеци од оваа година. Планираме набавка на едно лесно моторно возило и “лада“, или пак и двете ќе бидат лади. Тие ќе бидат доделени за службите за Брза помош, за теренскиот дел и за планинските места - вели Миомир Панковски, директор на Здравствен дом Куманово.
Возилата ќе бидат купени со средства на установата. Засега Здравствен дом располага со вкупно 12 возила.