Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дискотеката „Чарли Стил„ во Крива Паланка вчера е затворена, откако УЈП и Државниот пазарен инспекторат утврдиле повеќе неправилности во работењето.
Ова е ново продолжение на акцијата „Детонатор„, при што на сопстевникот му се изречени соодветни пријави и глоби. Поради присуство на малолетни лица по полноќ во објектот, ќе биде поднесена и прекршочна пријава.
Додека траела акцијата, во дискотеката а потоа и на улица дошло до карање, викање и кршење, поради што во полициската станица во Крива Паланка се приведени девет лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.