×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ново здружение МОТУС во Куманово

    17.04.2014 09:51 | KumanovoNews

    Во Куманово е основано здружение за промоција на интелектуални мултикултурни спортски вредности МОТУС со седиште во Доброшане, кое првенствено ќе работи со младите и маргинализираните групи на граѓани.

    Ново здружение МОТУС во Куманово

    МОТУС ќе се фокусира на здравствената, социјална заштита, здрав начин на живот, обуки за невработени и друго.

    Ќе имаме поширока лепеза на активности, не сме ограничени конкретно на една работа. Здружението е насочено кон сите граѓани со посебен акцент на сите маргинализирани граѓани, невработени, мултикултурни односи, спорт. Почнавме со некои првични активности со оглед на тоа дека постоиме два ипол месеци. Направивме прво обука за нашите членови, која ги опфати првенствено програмските активности на МОТУС. Реализиравме предавања по повод 24 март ден за борба против туберкулоза и опфативме 7 училишта, каде се направени презентации како да препознаеме и како да се заштитиме од туберкулоза - изјави Мирољуб Голубовски, претседател на МОТУС.

    МОТУС засега има 25 членови, но во наредниот период ќе настојуваат да го зголемат членството.