×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новогодишен базар ќе се организира на Градскиот плоштад во Куманово

    04.12.2024 10:40 | Оливера Пешевска

    Унифицирани тезги во вид на куќички на кои ќе се продаваат новогодишни украси ќе се постават на Градскиот плоштад во Куманово.

    Новогодишен базар ќе се организира на Градскиот плоштад во Куманово

    Минатата година тезгите беа отстранети само неколку дена по поставувањето, откако базарот беше претворен во панаѓур . (Фото: Кумановоњуз)

    Нивното поставување ќе започне од следната недела, а ќе останат до крајот на месецот.

    „Правилата ќе мора да се почитуваат, на тезгите ќе биде понудена роба која е во духот на празниците. На закупувачите, со кои редовно соработуваме им е акцентиран тој момент. Граѓаните ќе можат да купат честитки, сијалички, новогодишни лампиони, украси и декоративни предмети, елки и гирланди. Значи ќе личи на еден вистински новогодишен базар, а не на панаѓур“, истакна Гезим Кадриу, директор на ЈП „Пазариште“.

    Тој додава дека куќичките се унифицирани и не е дозволено нивно проширување со додавање на метални или дрвени конструкции, кревети на расклопување, церади и најлони за да се прошири изложбениот простор. Тврдат дека и овој аспект строго ќе се проверува, а намерата е да не се нагрдува јавниот простор, туку да се потенцира празничниот дух.

    Ова година куќичките ќе бидат поставени на Градскиот плоштад, поради тоа што на малиот се уште се одвива реконструкцијата, и нема дозвола за користење.

    Минатата година поставените тезги беа отстранети по само неколку дена откако јавноста бурно реагираше на понудата на тезгите. Се продаваше долна облека, обувки и дребулии за домашна употреба, пропратено со прегласна музика. Од општинската администрација тогаш ветија дека ќе се размислува да се изнајде соодветен простор за новогодишниот базар кој ќе придонесе на целокупната атмосфера, со убав, естетски и примамлив изглед.  

    Идејата за организирање на празнични базари датира од 2003 година кога биле набавени првите 10 куќички во кои требало да се продаваат сувенири и новогодишни подароци, односно производи на малите производители и занаетчии на градскиот плоштад.  Но, надлежнте тврдат дека нема заинтересираност од локалните бизниси на овој начин да ги продаваат своите производи, ниту пак некој да понуди греано вино, топли напивки,  солени переци, слатки со мирис на ѓумбир и цимет, зашеќерени јаболка, гумени бонбони, шарени бастумчиња за да замириса на празници.