×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новогодишни пакетчиња за децата со посебни потреби

    20.12.2013 11:46 | KumanovoNews
    Пакетчиња денеска им беа поделени на децата со посебни потреби сместени во Дневниот центар кај Чик и во “Порака наша“

    Новогодишни пакетчиња за децата со посебни потреби

    Градоначалникот Зоран Дамјановски во придружба на Дедо Мраз ги подели новогодишните пакетчиња и им ги честиташе престојните празници на штитениците во двата центри.

    Од мое име и од име на локалната самоуправа која се грижи за граѓаните ви ја честитам Новата година и Божиќните празници. Ви посакувам се најдобро на вас и на оние што се грижат за вас, вашите наставници, педагози, психолози, дефектолози и професори по физичко воспитување. Влеговме во еден нов систем за рекреација на лица со посебни потреби. Проект на Општина Куманово и УСАИД кој дава видни резултати. Вашите честитки напишани, она што вие го работите покажува дека целта е постигната, делумна ресоцијализација на лицата со посебни воспитни потреби - изјави Дамјановски.

    Вработените и во двата центри потенцираа дека просторниот капацитет со кој располагаат е мал во однос на потребите. И двата центри имаат лица со посебни потреби кои се ставени на листи на чекање токму од таа причина.

    Бројната состојба на нашиот центар е 26 корисници од кои 22 се активни и доаѓаат постојано. Меѓутоа нашиот капацитет не ги исполнува критериумите за реализирање на активностите. Капацитетот е мал. Ние имаме многу кроисници кои се на листа за чекање за понатаму - вели Ивица Благојевиќ, психолог во Дневниот центар кај Чик.

    И од “Порака наша“ се надеваат дека во 2014 година просторно ќе се прошират.

    За во иднина се надеваме дека ќе се прошириме затоа што имаме реални потреби. Проширување со нови корисници и со персонал  се надеваме дека тоа ќе се случи во 2014 година. На овој простор имаме 21 корисник и работиме со полн капацитет. Имаме на листа на чекање барем уште 10 лица кои веднаш би ги заземале своите места - рече Дејан Стојановски, едукатор педагог во “Порака наша“.

    Во знак на благодараност поради посетата штитениците на градоначалникот му врачија скромни подароци.