Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Националниот Ромски Центар ќе продолжи со проектот за бесплатна правна помош.
Граѓаните правото на бесплатна правна помош можат да го искористат до август 2015 година, а повеќе информации можат да добијат на телефонскиот број 0800 44 222 секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот.
- Ние остваривме средби со институции на локално ниво пред се Основен суд Куманово, Агенција за катастар, ФЗО, Заменик народниот правобранител, општината, СВР Куманово и управното одделение. Сите тие добија писмена информација и до нив доставивме информативни флаери, летоци и постери каде што граѓаните директно ќе можат да се информираат за ова право. Ги контактиравме адвокатите кои се запишани во регистарот за давање на бесплатна правна помош, тоа се петнаесетина во Куманово за идна соработка - вели Оливер Митов, координатор за бесплатна правна помош во НРЦ.
На истиот проект за давање на бесплатна правна помош работат повеќе невладини од земјава и тоа “8 септември“ и Македонско здружение на млади правници од Скопје, „МКЦ“ од Битола, „Ехо„ од Штип и “Избор“ од Струмица.
Проектот ќе се реализира во соработка со Фондација Отворено општество Македонија и со финансиска поддршка од Европската Унија.