Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основното училиште „Светозар Марковиќ“, го одбележа својот патронат во знакот на азбуката. На свеченоста гостите ги поздрави директорката на училиштето Жаклина Миленковиќ.
Луѓето велат дека во животот се сретнуваат случајно, а потоа во животот делат се. Ние не сме случајно тука. Сите наставници на ова училиште со нашите ученици тука сме да го славиме Вуковото дело- рече Миленковиќ.
Потоа учениците изведоа богата приредба.
На прославата на патрониот празник присуствуваше амбасадорот на Србија во Македонија Томислав Ѓурин, градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ,генералниот секретар на ДПСМ, Горан Стојковиќ , претставници од основните и средни училишта од Куманово, истоимените училишта „Светозар Марковиќ“ од Врање и др.