Обиена влезната врата и украдени пари од црквата Св.Троица во Куманово (фото)
26.04.2023 12:26
| Оливера Пешевска
Непознати сторители извршиле разбојништво во црквата Св. Тројца во Куманово, откако на сила влегле и одзеле пари.

„Во СВР Куманово утринава во 5.49 часот било пријавено дека со употреба на сила било влезено во црква во Куманово и биле одземени пари“, соопшти Кумановската полиција
Од црквата Св. Троица велат дека црквата имала аларм, кој се вклучил откако крадците ја скршиле бравата, но тие за неколку минути успеале да ги земат парите и да побегнат. Оштетувања во црквата нема. Друго не сакаа да коментираат и не упатија на полицијата.
Полициска екипа извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.