×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обилните врнежи ги преполнија браните Липково и Глажња, но нема опасност од излевање на реките

    15.06.2023 12:59 | Сузана Николиќ

    Акумулационите езера Липково и Глажња, од каде Куманово се снабдува со вода за пиење, се преполни со вода, која се прелева преку браните, но надлежните велат дека нема опасност од излевање на реките  Липковка, Којнарка и Кумановка.

    Обилните врнежи ги преполнија браните Липково и Глажња, но нема опасност од излевање на реките

    Од ЈП „Водостопанство Кумановско-Липковско Поле“ кажуваат дека браните се преполни од март, поради што тие сите овие месеци вршат контролирано испуштање на водата за да не се загрози нивната сигурност, но истовремено и да не дојде до преполнување на реките.

    „Ако во јуни минатите години се прашуваме ќе има ли доволни количини на вода да го истуркаме летото, оваа година прашањето е што ќе правиме со толку многу вода. Поради обилните врнежи браните се преполни, но засега нема опасност од неконтролирано излевање. Ние го контролираме испустот на вода според нивото во реките и засега нема опасност од поплави во кумановско-липковскиот регион“, вели Оливер Илиевски,  директор на ЈП „Водостопанство Кумановско-Липковско Поле“. 

     Тој додава дека има најава од хидрометеоролозите дека наредните денови ќе има обилни врнежи од дожд во Јужна Србија, што може да го зголеми нивото на вода во реката Пчиња и евентуално да направи проблеми во пониските делови.

    И од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) потврдуваат дека е зголемен водостојот во сите реки во Кумановско, но  засега нема опасност од поплави.