×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавен огласот за финансиска поддршка за електрична енергија за лицата со ниски примања

    11.01.2022 13:06 | Сузана Николиќ

    Објавен е јавниот повик за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лицата со ниски примања за 2022 година. За таа цел обезбедени се 60 милиони денари.

    Објавен огласот за финансиска поддршка за електрична енергија за лицата со ниски примања

    „Согласно јавниот повик од 600 до 800 денари пониски сметки за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски приходи во период од 12 меесеци. За оваа мерка обезбедени 60 милиони денари. Финансиска поддршка ќе добијат домаќинствата чии редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари и тоа за:самец до 15.194 денари, домаќинство со два члена до 18.000 денари, домаќинство со три члена до 21.000 денари, домаќинство со четири члена до 25.000 денари и домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари“, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

    Доделувањето на финансиската поддршка ќе го врши Министерството за економија преку селекција на пристигнатите барања со примена на принципот на најниски примања во домаќинство во 2021 година за секоја од категориите, сѐ до исцрпување на предвидените средства согласно програмата.

    Семејствата коишто користат гарантирана минимална помош и остваруваат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во согласност со член 42 од Законот за социјална заштита и старите лица согласно член 7 од Законот за социјална сигурност на стари лица, не им следува финансиска поддршка од овој оглас.

    Лицата што ги исполнуваат критериумите треба да поднесат барање, потоа изјава заверена на нотар со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна, потврда од работодавецот за висината на исплатена плата во 2021 година или извештај од банка за уплатени пензиски примања од Фонд за ПИОМ (чек за пензиски примања) за 2021 година и извод од банка за сите трансакциски сметки направени минатата година од страна на подносителот на барањето и на членовите на домаќинството. Меѓу документите што треба да се поднесат се и потврда од Агенцијата за вработување дека членовите на домаќинството не се вработени и фотокопија од последната добиена сметка за 2021 година за потрошена електрична енергија во домаќинството.

    Целокупната документација се доставува преку пошта до Министерство за економија на адреса „Јуриј Гагарин“ бр. 15, 1000 Скопје, со назнака – јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година.

    Повеќе информации за огласот може да се најде на https://www.economy.gov.mk/doc/3070, а рокот за аплицирање е 30 дена од денот на објавување на огласот.