Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово го објави повикот за пријавување на кандидати за доделување на Ноемвриската награда- највисокото општествено признание во градот, кое се доделува по повод 11 Ноември - Денот на ослободувањето на Куманово од фашистичкиот окупатор.
Наградата се доделува на истакнати поединци, претпријатија, организации, здруженија и заедници, кои имаат постигнати посебни резултати во работењето и делувањето во области на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период.
„Делото, односно постигнувањата да бидат достапни на јавноста до 11 Октомври, а авторот на делото да е жител на Куманово, организацијата или здружението да се од Општина Куманово, односно делото и постигнувањата да се тематски поврзани со Општина Куманово”, стои во соопштението од Општината.
Право на предлагање на кандидати за Ноемвриска награда имаат претпријатија, установи, здруженија, месни заедници, група граѓани или поедници.
Предлозите треба да се достават во писмена форма со образложение до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија најдоцна до 31 октомври.