×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објавeн повик за помош за домување на стамбено необезбедени лица во Куманово

    12.01.2023 12:09 | Оливера Пешевска

    Општина Куманово отвори повик за обезбедување на помош за домување на материјално и стамбено необезбедени лица, корисници на гарантирана минимална помош за 2023 година. Повикот е отворен од 10 јануари до 10 февруари 2023. Со мерката општината ги субвенционира во вид на кирија корисниците кои се приматели на гарантирана минимална помош и се стамбено необезбедени.

    Објавeн повик за помош за домување на стамбено необезбедени лица во Куманово

    Потребни документи за пријавата се фотокопија од лична карта, решение издадено од ЈУМЦСР Куманово кое што докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош, договор за наем на стан/куќа, активна трансакциска сметка и телефонски број за контакт.

    Барањата можат да се подигнат во архивата на општина Куманово и на портирница  во зградата на  поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита) .

    Сите подетални информации може да се добијат на телефонскиот број 075/323-569, од 8 до 16 часот секој работен ден.