×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Објектите на "Аџитепе" станаа општинска сопственост, се чека одговор за пистата

    22.05.2023 11:17 | Оливера Пешевска

    Пред два месеци Општина Куманово ги добила во владение објектите на спортскиот аеродром Аџитепе, а поднесено е барање и за аеродромската писта, по што општината ќе може целосно да менаџира со овој значаен спортски инфраструктурен објект.

    Објектите на "Аџитепе" станаа општинска сопственост, се чека одговор за пистата

    Спортскиот аеродром Аџитепе Куманово, до пред 6 месеци бил „ничија земја“, не бил запишан во ниту еден документ, ни на име на државата ни на градот, по што Општината започнала постапка за решавање на неговиот статус.

    „Пред неполни 2 месеци со владение и сопственост ни беа доделени објектите на Спортскиот аеродром Аџитепе, по впишување на објектите на име на државата. Дополнително сега водиме постапка за впишување на самата писта и просторот околу аеродромот „Аџитепе“, прво да се впишат на Република Македонија и повторно поднесовме исто такво барање за ставање под наша надлежност на истиот имот“, обелодени градоначалникот Максим Димитриевски на смотрата на воено-техничката опрема, која се одржа вчера на оваа локација.

     

    За објектите на спортскиот аеродром  досега единствено  се грижеле членовите на Аеро-клубот „Доне Божинов“, поради што хангарите и административната зграда беа препуштени на забот на времето. Градоначалникот вели дека просторот дава неограничени можности, а локалната власт веќе има идеи како би можел да се користат во иднина.

    „Во меѓувреме имавме и одредени заинтересирани инвеститори, но сепак би го задржале како имот за примарната намена - тоа е спортски аеродром. Има можности за развој на еден карго, па зошто да не и патнички аеродром, тоа се само размислувања. Постојат можности за отварање на место каде би се обучувале спортски пилоти, а зошто да не и пилоти за патничкиот авионски сообраќај, така да можностите се големи“, кажа Димитриевски.

    Аеродромот Аџитепе првпат се споменува во пишани документи во 1928 година, а аеро клубот Куманово почнал да функционира во 1948 година под името „Доне Божинов“. Пистата е долга 2.050 метри, а во употреба се 1.000 метри должина на 100 метри ширина.