Обнова на документи за посебен, детски и родителски додаток
        22.01.2014 09:54
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Најдоцна до крајот на март корисниците на посебен, детски и родителски додаток за 3 и 4 дете треба да поднесат барања за продолжување на овие права од детска заштита.
                  Во Центарот за социјални работи корисниците треба да подигнат формулари и истите да ги потполнат.
За детски додаток на увид треба да се достави лична карта и потврда за приходи од работен однос или друг вид на приходи.
За посебен додаток на увид треба да се достави лична карта, а за родителски додаток освен лична карта, потребна е фотокопија на детската здравствена книшка од 3 до 13 страна, чек од последна исплата и фотокопија од трансакциска сметка.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



