Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во сообраќајна несреќа што се случи утринава во м.в. Смилчинци, на патот Куманово - Крива Паланка, загинаа Далибор Ристевски (27) од село Пелинце и Игор Ѓелиќ (27) од населбата Карпош.
Сообраќајката се случила во 6.50 часот, кога заради неприлагодена брзина на условите на патот, блага подледица и навев на снег на коловозот, возачот на фиестата Ристевски, удрил во автобус „Црешово Топче„ со штипски регистарски таблички управуван од И.Г.(41) од Пробиштип.
Од силаната на ударот возилото се превртело двапати и слетало од патот, а автобусот завршил на спротиванта страна во брег. Од задобиените повреди на лице место починале двете момчиња, а во автобусот нема повредени патници.
Двете момчиња работеле во печатница во Старо Нагоричене и тргнале за на работа.
На кривината возилото им се подлизнало на поледицата и на снегот, и бочно се попречило пред автобусот. Возачот се обидел да го избегне, но безуспешно. Удрил во фиестата, која двапати се преврела на кров и завршила во ендек. Повредите на момчињата беа фатални, тие починаа на самото место. Се обидоа луѓе да ги извадат и да им помогнат, ама им немаше помош. Каросеријата на нивниот автомобил е целосно смачкана, а од силината на ударот испадна и моторот - раскажува очевидец.
Увид на местото на настанот извршија истражен судија, јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.
Сообраќајот на магистралниот пат беше во прекин два часа, и се одвиваше по стариот пат за Крива Паланка. На овој дел од патот постојано се случуваат сообраќајни несреќи поради големите кривини и удолница, а возачите не ги почитуваат сообраќајните правила.